Фернандеш: Моја е одговорноста, но подготвен сум пак да шутирам пенали!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш беше трагичар на Манчестер јунајтед во саботата против Астон вила.

Фернандеш во судиското надополнување имаше шанса да му донесе бод на Јунајтед со удар од белата точка, но топката ја испрати далеку над голот.

Тренерот Оле Гунар Солскјер по натпреварот кажа дека пред дуелот решиле кој ќе ги изведува пеналите.

Многумина се прашуваат зошто Фернандеш во тој момент не му ја препуштил одговорноста на поискусниот колега, Кристијано Роналдо.

„Никој не е разочаран повеќе од мене поради поради поразот и промашениот пенал. Секога прифаќав одговорност, живеев моменти под притисок, но сега не успеав. За разлика од претходно, не успеав да постигнам гол. Но, свесен сум за критиките и ја прифаќам одговорноста. Секогаш давам максимум од себе и подготвен сум повторно да шутирам пенал“, вели Фернандеш.