Јувентус остана без ѕвезди пред дуелот со европскиот првак Челси


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јувентус минува низ тежок период, иако конечно врза две победи во италијанската Серија А, сепак следен предизвик ќе им биде Челси во Лигата на шампиони.

Проблеми за Масимилијано Алегри е тоа што нема да може да смета на Пауло Дибала и Алваро Мората, кои се повредија во мечот против Сампдорија.

Повредата на Дибала е од потешка природа затоа што веднаш почуствува кога му настрада мускулот, поради што во солзи го напушти теренот.

Меѓутоа, се очекува двајцата фудбалери да минат низ детални тестови пред да се соопшти колку време ќе отсуствуваат.

Како замена за нив во дуелот против Челси се очекува да бидат Дејан Кулушевски и Моис Кин, додека остатокот од екипата ќе биде ист како во недела.