Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија колку пари заработуваат фудбалерите на Милан. На врвот е Златан Ибрахимовиќ, кој добива по седум милиони евра годишно, а на второ место е Алесио Ромањоли со 5,5 милиони евра.
По овие двајца следат Анте Ребиќ и Оливие Жиру со по 3,5 милиони евра годишно, додека Алесандро Флоренци, кој летово стигна на позајмица од Рома има договор со годишна плата од три милиони евра.
Одличниот голман Мајк Мањан заработува по 2,8 милиони, Тимуе Бакајоко добива 2,5, а Франк Кеси има плата од 2,2 милиони евра, но одамна не е задоволен и сака нов договор.
Најмалку платен во првиот тим е Даниел Малдини, кој заработува само по 300.000 евра годишно, а токму тој против Специја го постигна првиот гол за „росонерите“.
Раде Круниќ има плата од 1,1 милион евра, односно повеќе од Брахим Дијаз, кој добива плата од 500.000 евра.