Моќна порака од трибините на „Сан Сиро“

Милан по долго врме се врати во Лигата на шампиони. Еден од најтрофејните клубови во светот по долги години конечно заигра во елитното натпреварување.

Поради тоа натпреварот со Атлетико Мадрид е од големо значење за навивачите на Милан, а трибините на „Сан Сиро“ се полни и беше испратена моќна порака.

„Милан се врати“, беше пораката од навивачите.

Клубот конечно се врати во елитното натпреварување и ќе се обиде во следните сезони да игра во него.

Милан во првото коло беше поразен од Ливерпул, но сега е на добар пат да освои три бода.