Бензема поради с*кс-скандал нема да игра во „Ел Класико“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За помалку од еден месец, односно на 24 октомври ќе биде одиграно првото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид за оваа сезона.

„Кралевите“, сепак, би можеле да играат на овој натпревар без својот најдобар фудбалер сезонава, Карим Бензема.

Францускиот напаѓач ќе мора да се појави на Суд од 20 до 22 октомври поради с*кс-скандалот од пред неколку години во кој беше вмешан и неговиот поранешен соиграч Матје Валбуена.

Тоа што е сигурно е дека Бензема нема да тренира со тимот пред натпреварот, а не е познато ниту дали ќе настапи во тој меч.

Бензема во текот на сезонава е главен напаѓач на шпанскиот тим и на осум натпревари постигна осум голови, па затоа Реал би можел да биде ептен ослабен во дербито.