Милан се жали до УЕФА за судењето: Турчинот Чакир ќе добие суспензија?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан остана без бодови по две одиграни кола во Лигата на шампиони (ЛШ) откако загуби со 2-3 против Ливерпул на гостински терен и со 1-2 од Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“.

Италијанската екипа е лута поради судењето на турскиот судија Џунејт Чакир, кој имаше неколку сомнителни одлуки, како што беше црвениот картон за Франк Кеси во 29. минута, како и пеналот за шпанскиот гигант во судиското надополнување.

Милан водеше со 1-0 и беше одличен на теренот до црвениот картон на Кеси, кој директно влијаеше врз конечниот резултат.

Екипата ќе испрати жалба до УЕФА за судењето, а доколку го добие случајот, тогаш Турчинот ќе биде суспендиран на одредено време.