Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона донела одлука да го отпушти тренерот Роналд Куман, кој имаше лоши резултати во последниот период со каталонскиот гигант.
Шпанските медиуми пишуваат дека Куман повеќе нема да ја предводи Барселона, но клубот го држи на тренерското столче додека не пронајде негова замена.
„Марка“ пишува дека поразот од 0-3 против Бенфика му пресудил на Холанѓанецот, а сега претседателот Жоан Лапорта бара замена за Куман и постојат тројца потенцијални кандидати.
Како што претходно беше објавено, Лапорта ќе има стартни преговори со Андреа Пирло, а на неговата листа со желби се уште и Чави и Роберто Мартинез.
Тоа што е познато е дека Барселона нема да го смени Холанѓанецот пред сабота и дербито во Ла Лига против Атлетико Мадрид.