„Роналдо подобри сѐ во екипата, никој нема таков менталитет!“

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, вели дека Кристијано Роналдо променил сѐ во екипата по неговото доаѓање на „Олд Трафорд“.

Португалскиот фудбалер ова лето се врати во Манчестер, а неговото влијание веднаш може да се забележи.

„Сите знаат дека станува збор за ѕвезда, која со години доминираше вос ветот на фудбалот и неверојатно е да се дели соблекувалната со него. Ќе видиме како ќе се однесува, колку е професионален. Јасно е зошто толку години е на врвот. Нема никој таков менталитет. Навистина подобри сѐ во нашиот клуб“, вели Шо.

Јунајтед во моментов е на четвртата позиција во Премиерлигата, со два бода помалку од лидерот Челси, доедка во Лига на шампиони има победа и пораз по две одиграни кола.