Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар не се прилагоди во Реал Мадрид, каде што пристигна од Челси во 2019 година за повеќе од 100 милиони фунти, но сега Белгиецот би можел да се врати во Премиерлигата.
Азар кажа дека е среќен во Мадрид и нема намера да го напушти Реал, но сепак раководството на екипата не размислува така и сака да го продаде Белгиецот уште во јануари.
„Мирор“ објави дека „кралевите“ ќе го понудат Азар на Њукасл и Челси за помалку од 50 милиони фунти со цел да заработат барем нешто од неговиот трансфер.
Челси претходно покажа интерес да го врати белгискиот репрезентативец во екипата, иако во моментов нема потреба од такво нешто, но во борбата за неговиот потпис се вклучи и Њукасл, кој има нови богати газди.