Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денвер нагетс игра променливо од почетокот на сезоната, а победата против Мајами хит ќе остане запаметена по исклучувањето на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој го нокаутираше противникот.
Морис е познат како груб кошаркар кој постојано ги провоцира ривалите, а Јокиќ очигледно не можеше да издржи и го турна со сета сила на паркетот.
За жал, трипл-даблот на Јокиќ остана во сенка, иако со 25 поени, 15 скокови и 10 асистенции му помогна на Денвер да слави во дуелот против Мајами.
„Се чувствувам лошо. Тоа беше глупав потег. Не требаше така да реагирам. Тоа беше валкана игра, морав да се заштитам“, вели Јокиќ кој може да добие дополнителна суспензија.