„Џордан во оваа НБА-лига ќе дава по 50 поени на – лош ден!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа даде интересна изјава за најсилната кошаркарска лига и ја спореди со нејзиниот квалитет од претходните години.

Раџа смета дека во денешно време се игра многу понежна кошарка во НБА, односно дека кошаркарите се заштитени од судиите, па даде интересен пример за тоа каков би бил Мајкл Џордан во ваква лига.

„Секој натпревар ме потсетува на тие на Олстар-викендот. Судиите свират премногу. Во 90-те години се играше многу погрубо. Бизнисот се шири и мора да го прифатиме тоа. Во денешната кошарарка Џордан ќе дава по 50 поени на лош ден. За мене тој е најдобриот во историјата“, вели Раџа.

Поранешниот кошаркар ги пофали и дел од кошаркарите, меѓу кои беа Лука Дончиќ, Јанис Адетокумпо и Стеф Кари.