Солскјер ги брои последните денови: Јунајтед носи човек кој доминираше во ЛШ!

Раководството на Манчестер јунајтед му даде време на Оле Гунар Солскјер за да ги поправи работите, но доколку тоа не се случи, Норвежанецот ќе си ги спакува куферите и ќе замине од екипата.

„Црвените ѓаволи“ имаат три порази на последните четири меча во Премиерлигата, како и една победа против Тотенхем, па зад лидерот Челси се девет бода.

„Тајмс“ пишува дека Јунајтед се обидува да го убеди Зинедин Зидан да ја прифати понудата и да го замени Норвежанецот на местото на главен тренер.

Кристијано Роналдо и Рафаел Варан се причина плус за да биде ангажиран Зидан бидејќи тие соработуваа со него со многу успех во минатото.