Алвеш на промоцијата во Барселона се појави во - влечки! 🎥

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш прифати да игра за едно евро месечна плата за Барселона и така да ѝ помогне да го надмине кризниот период во кој се наоѓа каталонската екипа.

Шпанските медиуми пишуваат за промоцијата на Алвеш во неговиот старо-нов тим, каде што Бразилецот се појави во костум, но на себе носеше и влечки.

Ова не е првпат Алвеш да се појави во слично издание затоа што Бразилецот беше во влечки и во 2008 година кога првпат потпиша за каталонскиот тим.