Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш се врати во Барселона по неколку години пауза со цел да му помогне на каталонскиот тим во борбата за што е можно подобар пласман во Ла Лига.
Овој 38-годишен фудбалер во првиот мандат со многу успех играше за Барселона, а во осум сезони минати во каталонскиот гигант, тој ги освои сите можни трофеи.
Алвеш потпиша договор со Барселона до крајот на сезоната со опција да ја продолжи соработката на уште една година, а има неделна плата од само едно евро.
Меѓутоа, тоа што привлече големо внимание е потегот на Барселона да вметне откупна клаузула во неговиот договор од неверојатни 100 милиони евра, што за многумина е изненадување бидејќи Бразилецот има договор до јуни 2022 година.