Чави има нова позиција за Алвеш во Барселона?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Искусниот бразилски фудбалер Дани Алвеш вчера официјално беше претставен како ново засилување во каталонскиот тим со кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Многумина беа изненадени што Барселона му понуди договор на Алвеш кој се наоѓа пред крајот на кариерата, а неодамна го прекина договорот со Сао Паоло.

Чави Ернандез верува дека Алвеш ќе биде одлично засилување и добар ментор за помладите фудбалери на екипата.

Алвеш се очекува да биде засилување на десната бековска позиција, но шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот нема да игра само на таа позиција во Барселона.

Чави решил да го игра и како десно крило додека Осман Дембеле не биде целосно подготвен за настап.