Барселона залудно се надева, Меси нема намера да се врати на „Камп Ноу“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси не сака да се врати во Барселона, иако имаше такви шпекулации во претходниот период.

Каталонски „Спорт“ објави дека Аргентинецот нема да се врати во Барселона, откако минатото лето беше принуден да замине од тимот.

Медиумот објави дека Меси бил навреден поради тоа што Барселона не можела да му го продолжи договорот и сега не сака да го напушти ПСЖ, каде што се чувствува среќен.

Меси во моментов има две цели во кариерата, а тоа е да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) со парижаните, како и да слави на Светското првенство во Катар заедно со Аргентина.