Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека Карим Бензема е мирен по пресудата која беше досудена против негов во средата.
Францускиот фудбалер беше прогласен за виновен за обид за уцена на поранешниот колега од репрезентацијата, Матје Валбуена, па поради тоа доби едногодишна условна казна затвор и финансиска казна од 75.000 евра.
Реал Мадрид во истиот ден го совлада Шериф Тираспол и обезбеди пласман во нокаут-фазата, а еден од головите беше постигнат од Бензема.
„Не морав ништо да зборувам со него за тоа. Бензема е мирен. Тоа е нешто што се случи во минатото. Беше фокусиран на натпреварот и на тимот. Целосно е посветен на својата работа и играше многу добро“, кажа Анчелоти.