Јувентус објави соопштение по истрагата која може да ги исфрли од Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус се соочува со сериозни проблеми затоа што финансиската полиција почна истрага за финансиите во клубот во период од 2019 до 2021 година.

Јувентус е обвинет за проневера на 50 милиони евра, и тоа преку лажирање на трансакции и финансиски извештаи, па се води истрага против пет лица, меѓу кои и против Андреа Ањели и Павел Недвед.

„Јувентус потврдува дека јавните обвинители во Торино почнаа со истрага за клубот и дел од сегашните официјални лица (Андреа Ањели, Павел Недвед и Стефано Черато) и поранешни официјални лица за приходи од продажба и регистрација на играчи. Клубот соработува со истрагата и е сигурна дека ќе се разјаснат сите моменти и ќе се потврди дека се работело под потребните регулативи и според интернационалната практика во фудбалската индустрија“, соопштија од тимот.