Без дилема: Педри е најдобар млад фудбалер во светот!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Пред три години Килијан Мбапе ги победи Кристијан Пулишиќ и Џастин Клајверт, а потоа Матијас Де Лихт победи во конкуренција против Џејдон Санчо и Жоао Феликс, а во 2021 година Педри бееш над конкуренцијата.

Околу изборот на Педри на свеченоста во Париз нема никаков приговор затоа што тој доминираше во светот на фудбалот и си ја заслужи наградата за најдобар млад играч во 2021 година.

Педри ја победи конкуренцијата од Џуд Белингам и Џамал Мусиала, а номинирани беа уште и Џовани Реина, Букајо Сака, Мејсон Гринвуд, Нуно Мендеш и уште неколку фудбалери.

Талентираниот фудбалер минатата недела ја доби и наградата за „Златно момче“ во избор на „Тутоспорт“.