Легенда на Интер откри: Бев блиску до потпис со Реал Мадрид


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец на Интер и потпретседател на екипата во моментов, Хавиер Занети зборуваше по натпреварот меѓу двете екипи во Лигата на шампиони (ЛШ).

Занети беше еден од најдобрите дефанзивци во светот и имаше можност да игра во одбраната, но некогаш да помага и во средниот ред, а ќе остане запаметен по неговата верност кон Интер, иако во еден момент бил блиску до потпис со Реал Мадрид.

„Бев блиску до потпис со Реал Мадрид. Бев почестен од интересот на тимот со реноме какво што има Реал Мадрид. Тоа беше додека Хорхе Валдано работеше како спортски директор, но сите ја знаете мојата историја и знаете дека Интер е мојот дом“, вели поранешниот капитен на Интер.