Елмас избран за играч на колото во Лига Европа 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше избран за играч на колото во Лига Европа, откако вчера постигна два гола против Лестер и му помогна на Наполи да избори нокаут-фаза во натпреварувањето.

Елмас одигра фантастичен натпревар на стадионот „Диего Марадона“ и со два гола го одбележа натпреварот, но и колото, а навивачите го избраа за најдобар фудбалер за минатото коло.

Нашиот фудбалер стана и прв фудбалер на Наполи кој постигнал два гола на натпревар во Европа по шест ипол години, откако претходно такво нешто му успеа на Марек Хамшик.