Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА вчера направи голем скандал поради ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), која мораше да се одржи двапати.
Првата ждрепка почна во 12 часот по план и програма и 20 минути подоцна добивме парови од осминафинале, по што почнаа обвинувањата на сметка на УЕФА.
Тоа се случи кога беше извлечен парот меѓу Виљареал и Манчестер јунајтед, а тоа не смееше да се случи затоа што овие екипи играа заедно во групната фаза.
Но, и во второто извлекување имаше интересна ситуација поради која сите помислија дека станува збор за нова грешка.
Кога беше извлечен Виљареал меѓу можните противници овој пат не беше Манчестер јунајтед, но ниту Ливерпул.
Сепак, УЕФА потоа објасни дека такво нешто не можело да се случи зашто тогаш Интер ќе требало да игра против Јувентус или Реал Мадрид, а тоа исто така не беше возможно.
❌ UEFA have explained why Liverpool weren't in the pot to face Villarreal #UCLDraw
— Football Daily (@footballdaily) December 13, 2021
🗣 "If Liverpool had drawn Villarreal then Inter Milan would've had to face either Juventus (from the same country) or Real Madrid (in their group)." pic.twitter.com/Li38sLn7Kf