Познато е зошто Обемејанг доби казна, причината е – бизарна!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Обемејанг пред натпреварот на Арсенал против Саутемптон беше исфрлен од тимот, а таа одлука ја донесе тренерот Микел Артета.

Најпрво беше објавено дека напаѓачот бил недисциплиниран и поради тоа е казнет, но потоа се појави информација во јавноста дека фудбалерот останал во Франција подолго од планираното.

Тренерот на „топчиите“, Микел Артета на прес-конференцијата за медиумите зборуваше за оваа тема, но не откриваше детали.

„Моравме да донесеме таква одлука, зашто тоа е во интерес на клубот. Обемејанг ја прифати казната, но не можам да ви откријам детали“, кажа Артета.

Сепак, според најновите информации на медиумите, тој сам си го продолжил одморот во Франција за да се тестовира, што е банално и бизарно.