„Марка“: Двете ждрепки во ЛШ е последен дел од битката меѓу Реал Мадрид и УЕФА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид беше вознемирен затоа што Лигата на шампиони (ЛШ) мораше двапати да има ждрепка за осминафиналните парови.

„Кралевите“ прво се паднаа против Бенфика во ждрепката, која мораше да биде повторена поради глупава грешка и потоа шпанскиот гигант го доби ПСЖ за ривал.

Парижаните станаа еден од најсилните фудбалски колективи во светот, а тие веќе водат војна со Реал Мадрид за Мбапе, кој е блиску до преселба во Шпанија.

Но, „кралевите“ водат битка и против УЕФА, која неколку пати досега му помагаше на ПСЖ, а исто така не се во добри односи ниту поради европската Суперлига.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е пријател со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и заедно се борат против Флорентино Перез кој сака да создаде Евролига.