Реал Мадрид за пет дена ќе го договори првиот трансфер!

Шпанските медиуми добиле информација од извор близок до Реал Мадрид дека Антонио Рудигер ќе го засили гигантот како слободен играч следното лето.

Пријателите на Рудигер разговарале со медиумите и кажале дека Германецот ќе потпише за „кралевите“, откако не потпиша нов договор со Челси.

Тони Крос и Рудигер се соиграчи во репрезентацијата на Германија, па така стоперот ги добил сите потребни информации за тимот.

Рудигер играше фантастично под водство на тренерот Томас Тухел и стана еден од најдобрите стопери во светот, но тоа не беше доволно за да го продолжат договорот.

Германецот стигна во Челси по желба на Антонио Конте од Рома, а Италијанецот сакаше да го купи и во Тотенхем, но сепак дефанзивецот го избрал Мадрид.

Рудигер за пет дена ќе има можност да потпише договор со Реал и потоа на 1 јули ќе се пресели во екипата како слободен агент.