МТВ ги доби ТВ-правата за ракометното ЕП 2022


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската радио телевизија (МТВ) ќе врши преноси од Европското првенство (ЕП) во ракомет кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка во јануари следната година.

Македонскиот национален тим ќе го гледаме на македонски јазик, иако претходно имаше шпекулации дека тоа нема да се случи.

Главниот уредник на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски ја потврди веста преку социјалните мрежа и ги израдува навивачите.

„Men’s EHF EURO 2022 – на МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА. Директни преноси во термините од 18.00 и од 20.30 часот во групната фаза, а потоа и од 15.30, од 18.00 и од 20.30 во главната рунда. Специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија, како и пред полуфиналето и финалето“, напиша Николовски.