Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку не учествува на Австралијан опен, Новак Ѓоковиќ речиси сигурно ќе го загуби првото место на АТП-листата, а тоа што е уште полошо е дека може да падне дури до третата позиција.
Ѓоковиќ минатата сезона го освои Австралијан опен, па сега брани 2.000 бодови на турнирот на кој требаше да настапи затоа што доби медицински исклучок, меѓутоа не може да влезе во Австралија поради проблеми со визата.
Доколку политичарите му дозволат да игра на турнирот, Ѓоковиќ ќе го задржи првото место, но ако не се случи тоа, тогаш Медведев и Зверев имаат шанса да стигнат до самиот крај на турнирот, а со тоа и да освојат потрени бодови со кои ќе го урнат Србинот од тронот.
Ѓоковиќ, исто така, се соочува со забрана за влез во Австралија во рок од три години, но за тоа одлука ќе имаме во понеделник.