Кирјос ги изненади сите со реакцијата на случајот на Ѓоковиќ


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се наоѓа во хотел за мигранти, додека пристигнуваат реакции од цел свет за неговиот статус и начинот на кој го третираат.

Српскиот тенисер добива пораки за поддршка, но и критики. Меѓутоа, најголем дел од јавноста ја осудува реакцијата на австралиските власти.

Ник Кирјос е голем ривал на Ѓоковиќ, па често знаеше да го исмејува противникот, но овој пат застана на страна на најдобриот тенисер во светот.

„Погледнете, навистина верувам дека треба да се направи нешто. Се вакцинирав, поради моето здравје и мојата мајка, но начинот на кој се решава случајот на Ѓоковиќ е лош, многу лош…“, кажа Кирјос.