Џерард по Кутињо доби уште едно големо засилување во Астон вила


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Астон вила се договори да го ангажира Филипе Кутињо од Барселона на позајмица, а наскоро нов член на тимот на Стивен Џерард ќе стане и францускиот лев бек Лукас Дињ.

Тимот од Бирмингем со Евертон се договорил за трансфер на 28-годишниот дефанзивец, а ќе го плати 25 милиони фунти.

Дињ во претходните три ипол години беше дел од Евертон за кој одигра 125 натпревари и притоа постигна шест голови.

Во кариерата играше за многу гиганти, а беше дел и од Барселона, Рома, ПСЖ, додека кариерата ја почна во Лил.

Астон вила со ангажирање на Дињ добива фудбалер кој е одличен асистент, но и добар изведувач на слободни удари.