На Ѓоковиќ вратата му ја затвори и држава во која има луксузна вила од 10 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ беше депортиран пред неколку дена од Австралија и не можеше да ја брани титулата во Мелбурн, но проблемите за првиот тенисер во светот допрва доаѓаат.

Доколку реши да не се вакцинира, тоа значи дека нема да може да настапи на многу турнири, а според последните информации Ѓоковиќ не може да игра ниту на Ролан Гарос.

Шпанската Влада соопшти дека услов за настап на гренслем-турнирот е вакцинација, па доколку не го направи тоа, Ѓоковиќ нема да може да влезе во Шпанија.

„Тоа што Ѓоковиќ треба да го направи е да се вакцинира. Тоа би било најпаметно во моментов“, кажа Изабел Родригез, портпаролка на шпанската Влада.

Ова значи дека Ѓоковиќ ќе нема ниту пристап до неговата луксузна вила во Марбелја, чија вредност се проценува на 10 милиони евра.