Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди долго време привлекува интерес од многу екипи, а последен тим кој се вклучи во борбата за неговиот потпис е шпански Реал Сосиедад.
Екипата од Сан Себастијан е заинтересирана за Барди, а во прилог им оди и тоа што Леванте во моментов се наоѓа на последната позиција во Ла Лига и најверојатно ќе испадне од првенството доколку не се случи чудо.
Реал Сосиедад е импресиониран од слободните удари на Барди, кој би можел да направи чекор напред во неговата кариера затоа што ќе се пресели во екипа, која речиси секогаш е во борба за врвот во Шпанија.
Барди е прва опција на Реал Сосиедад, а засега немаат почнато преговори со Леванте за потписот на македонскиот репрезентативец и тоа се очекува да се случи наскоро.