Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго време се зборува дека Светското првенство (СП) би можело да се одржува на секои две години, иако многумина не се сложуваат со такво нешто, сепак претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино смета дека има потреба од такво нешто.
Инфантино смета дека Мундијалот на секои две години ќе им даде надеж на некои држави, но тие коментари веднаш беа критикувани од светската јавност.
„Мораме да им дадеме шанса и достоинство. Мора да му дозволиме на остатокот на светот да учествува. Мораме да им дадеме надеж на Африканците дека ќе имаат подобар живот“, кажа Инфантино.
На коментарот на Инфантино реагираше и директорот за медиуми Ендру Строхлјан.
„Моите колеги постојано имаат интервјуа со мигранти, никој не го споменува Светското првенство. ФИФА е организација која прави милијарди евра профит. Тие имаат средства за да инвестираат и да помогнат“, вели тој.