Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 358. недела на првото место на АТП-листата и така продолжи да го подобрува својот рекорд по број на недели поминати во врвот на светскиот тенис.
По Австралијан опен на кој немаше шанса да ја брани титулата затоа што беше депортиран, Ѓоковиќ има 11.015 бодови, односно 890 од финалистот на првиот гренслем-турнир во годината, Русинот Данил Медведев.
Зад нив се Александар Зверев и Стефанос Циципас, како и новиот рекордер по број на гренслем-титули, а тоа е Шпанецот Рафаел Надал.
Матео Беретини и Андреј Рубљов си ги заменија местата, па така Италијанецот сега е шести, а Русинот е на седмата позиција на АТП-листата.