Ц. Звезда го доби вечното дерби против Партизан и се врати во трка за титулата


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Црвена Звезда славеше со 2-0 во вечното дерби на против градскиот ривал Партизан во 24. коло од српскиот шампионат, па така се врати во трката за трофејот.

Првиот погодок беше постигнат во 29. минута од страна на Охи Омојуaнфо, кој налета на една одбиена топка и ја затресе мрежата на Партизан (1-0).

Партизан не најде начин да ја врати резултатската неизвесност во натпреварот, па Катаи со погодок во 43. минута (2-0) ја запечати победата на Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ со оваа победа се приближи на само два бода негатива зад лидерот Партизан, па така се приклучи во трка за титулата.