Италија ги продаде билетите за мечот со Македонија за два дена!

Италијанците се надеваат дека нивната репрезентација ќе заигра на Мундијалот во Катар, но „аѕурите“ ќе мора да минат низ баражот, а прва пречка им е Македонија.

Натпреварот меѓу двете екипи е закажан за 24 март во Палермо, а италијанската федерација објави дека за само два дена биле продадени околу 26.000 влезници.

Македонија за три недели гостува во Палермо, каде што ќе се обиде да го изненади гигантот, кој е фаворит за место во финалето на баражот за Светското првенство (СП).

Италијанците можеа да си купат билети од 10 до 60 евра во зависност од местото на трибините, а за македонските навивачи од понеделник ќе почне пријавувањето за влезници кои ќе чинат по 12 евра.

Овие две репрезентации досега одиграа две пресметки, при што Италија славеше во едниот со 3-2, а вториот заврши реми (1-1).