Ѓоковиќ ќе остане без неверојатни 27 милиони долари!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има најлош почеток на годината, а 2022 му донесе повеќе лоши, отколку добри вести досега.

Еден од најдобрите тенисери во историјата доживеа голема драма во Австралија, каде што му беше забрането да настапува затоа што не е вакциниран, а потоа го депортираа од државата.

Ѓоковиќ на крајот на февруари заигра на првиот турнир сезонава, но таму испадна премногу рано, иако беше фаворит за освојување на турнирот.

Ова не е крајот на лошите вести за Србинот затоа што неговиот најдобар спонзор „Лакоста“ би можел наскоро да го прекине договорот со Ѓоковиќ.

Доколку се случи тоа, тогаш српскиот тенисер ќе остане без дури 27 милиони долари, колку штот ребаше да заработи до крајот на соработката, која е потпишана до 2025 година.