Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта почна да се подготвува за летниот преоден рок и јасно е дека се очекуваат многу промени во каталонскиот гигант.
Барселона во јануари ангажираше неколку засилувања со кои ќе се обиде да оствари што е можно подобар пласман оваа сезона.
Одбраната на тимот е најслаба алка во моментов и поради тоа Лапорта не чекаше долго, па веќе договори засилување од Челси, а станува збор за Андреас Кристенсен.
Кристенсен има договор со Челси до крајот на сезоната, по што ќе си замине како слободен фудбалер, а негова следна дестинација ќе биде Барселона, која му понудила петгодишен договор и наскоро се очекува официјална потврда на трансферот.