Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека воведувањето на санкции кон Роман Абрамович се оправдани, иако луѓето во Челси не се виновни за тоа што се случува.
Владата на Велика Британија воведе нови санкции против Абрамович, а клубот доби специјална лиценца според која може да функционира до 31 мај, но не може да оствари заработка, да прави трансфери или да потпишува договори.
Абрамович претходно се обиде да го продаде клубот, но неговиот обид беше запрен од Владата, но потоа повторно му беше одобрено да се ослободи од екипата по итна постапка.
„Тухел и фудбалерите, како и останатите вработени во клубот не се виновни за тоа што им се случува. Само еден човек е одговорен за кризата, а тоа е Владимир Путин“, вели Клоп.