Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако би бил прв по број на бодови оваа недела, сепак Новак Ѓоковиќ нема да го преземе тронот на АТП-листата затоа што во моментов Мастерсот во Индијан Велс е во тек.
Поради тоа рускиот тенисер Данил Медведев остана пред српскиот ас, иако според бодовите треба да има околу 55 помалку од Ѓоковиќ.
Србинот ќе мора да почека уште некое време за својата 362. недела на врвот на светската ранг-листа, иако во моментов ја заслужи.
Доколку не се игра Индијан Велс, тогаш тоа немаше да се случи, а новата листа се очекува да излезе кога ќе заврши турнирот во Калифорнија.
Ѓоковиќ нема да игра до крајот на март затоа што правилата во САД не му дозволуваат да заигра на турнирите во Индијан Велс и Мајами.