Ако Македонија се пласира на Мундијалот, Елмас ќе направи торта на плоштадот во Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не може да заигра за Македонија против Италија поради суспензија за жолти картони, но талентираниот фудбалер се надева дека неговите сонародници ќе се пласираат на Светско првенство (СП) во Катар.

Елмас беше еден од најважните фудбалери за пласманот на Македонија во баражот за Мундијалот, откако ги даде двата гола во победата против Исланд и така нашата репрезентација го завери второто место.

Ако случајно Македонија ја помине Италија, а потоа слави и во финалето на баражот за СП, тогаш Елмас вети дека ќе направи плоштад.

„Дај боже да се пласираме, ќе направам торта на плоштадот – само да обезбедиме место на Светско првенство“, кажа Елмас.