Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Манчестер сити, Бернардо Силва е загрижен пред мечот во Порто против Македонија за пласман на Светското првенство (СП) во 2022 година.
Португалецот кажа дека не знае што да очекуваат од Македонија во финалето, меѓутоа свесен е дека нашите репрезентативци играат силно во дефанзива.
„Македонија е тим кој може да игра пресинг, имавме можност да видиме дел од нивните моменти и ќе го направиме нашиот план за мечот. Знаеме дека се цврсти во одбрана и не очекувам лесен натпревар. знаеме дека со овие фудбалери мора да одиме во Катар. Голема е одговорноста без разлика на противникот кој го имаме. Притисокот е голем без разлика дали играме со Италија, Македонија или друга селекција“, објаснува Силва.