Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси минатото лето се пресели во ПСЖ и сите очекуваа од него да доминира во Лига 1 и да му помогне на францускиот гигант лесно да стигне до титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но тоа не се случи и Аргентинецот разочара.
Навивачите не се задоволни, па на натпреварите го исвиркуваа и навредуваа аргентинскиот волшебник, но во негова одбрана застана Бразилецот Роналдињо со кој ја делеше соблекувалната во Барселона.
„На Меси му е тешко затоа што дојде во нов тим. Потребно му е време да се прилагоди. Не ги разбирам навивачите кои го навредуваа. Доколку го прават тоа постојано, тогаш на кого ќе му аплаудираат? Не ги разбирам навистина што сакаат да постигнат“, вели Роналдињо.