Објавен е распоредот на дуели на Мундијалот во Катар

Денеска во Доха се одржа ждрепката за Светското првенство (СП), по што беше објавен  распоредот на натпревари кои ги очекуваат селекциите.

Турнирот ќе почне на 21 ноември во Катар, и тоа со меч меѓу домаќинот и Еквадор на стадионот „Ал Бајт“.

Најголемото дерби е закажано за шест дена подоцна и се игра меѓу Шпанија и Германија, додека турнирот ќе трае до 18 декември.