Судијата објасни зошто на теренот имаше 12 фудбалери на Баерн Минхен (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го распарчи Фрајбург со 4-1 во германската Бундеслига, но во завршницата на мечот се случи нешто необично, кога на теренот заиграа 12 фудбалери на баварскиот гигант.

Шампионот играше со 12 фудбалери околу 17 секунди, по што беше прекината играта за да се поправи грешката.

„Тоа беше недоразбирање поради двојната замена на Баерн Минхен. Коман не разбрал дека треба да излезе од игра бидејќи бил покажан погрешен број. Ние ја прекинавме играта, се консултиравме со колегите, по што ја поправивме грешката“, вели судијата.