Михајловиќ е херој: Од болница испрати порака до своите фудбалери по дуелот со Милан

Болоња вчера успеа да го запре Милан, кој создаде еден куп шанси, но не реализираше ниту една од нив, па резултатот на „Сан Сиро“ беше 0-0.

Гостите храбро се бранеа и успеаа да ја остварат својата мисија, односно да ја зачуваат мрежата и покрај 33 удари кон нивниот гол.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ во моментов е во болница затоа што му се врати леукемијата, но тоа не го спречи да им се јави на фудбалерите преку видео-повик.

„Тренерот разговараше со екипата, ни честиташе за ремито. Тимот беше задоволен, го израдувавме Михајловиќ. Тој ни кажа да не попуштаме и беше горд на нашиот настап“, откри еден од помошниците на Србинот.