Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватските медиуми објавија дека ракометарот на Бутел, Денис Тот бил претепан во ноќен клуб, а сега пристигна соопштение и од Министерството за внатрешни работи (МВР).
МвР ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.
Според полицијата немало тепачка и ракометарот бил донесен само во бесознание, а во моментов СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.