Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот ракометар Денис Тод почина на 27-годишна возраст на КАРИЛ, откако вчера бил нападнат од две лица, момче и девојка пред „Привилиџ“, објави „А1он“.
Инцидентот се случил пред дискотеката, кога дечкото и девојката влегле во едно такси, а Тот нешто им кажал преку прозорецот, по што го нападнале.
Тие му удриле неколку шлаканици, по што Хрватот паднал на земја, а девојката го удрила со нога неколкупати во глава.
Околу 4 часот утрината била повикана Брза помош, која пристигнала на местото на настанот и се обидела да му помогне на ракометарот, кој потоа бил пренесен во болница, меѓутоа тој ја загуби битката за животот.