Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал мадрид работи на нови засилувања за следната сезона, а наскоро се очекува потпис на Килијан Мбапе од ПСЖ, но во меѓувреме управата го договорила Антонио Рудигер од Челси, барем така тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Долго време се шпекулираше дека Рудигер на крајот на сезоната ќе ги напушти „сините“ како слободен играч и ќе го засили „кралскиот клуб“, а по санкциите воведени кон Роман Абрамович и клубот тоа стана единствена опција.
Голем број тимови беа заинтересирани за германскиот репрезентативец, но сепак Реал на крајот победи со понуда од 10 милиони евра по сезона.
Рудигер пристигна во Челси во 2017 година од Рома и со клубот од Лондон освои пет трофеи, од кои највредниот е во Лигата на шампиони (ЛШ).