Тухел потврди дека заминува голема ѕвезда: Дадовме сè од себе, но...

Тренерот на Челси, Томас Тухел потврди за англиските медиуми дека дефанзивецот Антонио Рудигер сака да си замине од клубот на крајот на сезоната.

Преговорите меѓу тимот и Рудигер не донесоа резултат и германскиот фудбалер реши да замине, а потврда пристигна од тренерот Томас Тухел.

„Рудигер сака да си замине од клубот. Ми кажа во приватен разговор. Клубот и јас дадовме сè од себе за да го задржиме, но не може повеќе да се бориме против тоа што се случува“, вели Тухел.

Рудигер се поврзува со голем број тимови, а најмногу со Реал Мадрид и неговиот трансфер наскоро би можел да биде комплетиран.

Германецот во Челси стигна во 2017 година од Рома, а за „сините“ одигра 197 меча, при што постигна 12 голови.