Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Евертон, Френк Лампард не беше среќен поради поразот во дербито против Ливерпул со 0-2 и притоа кажа дека судиите го оштетиле неговиот тим.
Лампард смета дека „карамелите“ требало да добијат пенал, но судијата решил да не покаже на белата точка поради атмосферата на „Енфилд“.
„Требаше да добиеме пенал во второто полувреме, но едно е јасно, а тоа е дека нема да добиете пенал на ‘Енфилд’ против Ливерпул. Не сакам да направам проблем, тоа е реалноста“, кажа Лампард.
Евертон го чека тешка битка за опстанок во елитата, додека Ливерпул продолжува со трката за трофеј во Премиерлигата.